Шварци и Сталоне завршија во болница на “ремонт”:)))

popara9 февруари, 20121min00
naslovna

И официјално  е потврдено- две големи акциони ѕвезди, Арнолд Шварценегер и Силверстер Сталоне, повторно заедно ќе се најдат на филмското платно и тоа  во ‘The Tomb’ на Микаел Хафсторм. “Одушевен што на ‘The Tomb’ ќе работат овие две филмски ѕвезди. Совршен спој за овој интензивен трилер. Многу се намачивме да ги добиеме двајцата за овој динамичен проект”, изјавил продуцентот Марк Кантон.

Снимањето на ‘The Tomb’ започнува на пролет, а двајцата актери по снимањето  на “Платеници2” завршиле на “ремонт” во болница, бидејќи се повредиле на филмскиот сет. Шварци на својот профил на Твитер објавил фотографија од болницата: “По сите тие акциони сцени , акробации и физичка злоупотреба на снимањето на “Платеници2” и “Последниот отпор”, дојде време за мала поправка на моето рамо. Погледнете кој сосема случајно на ред за операција се најде зад мене. Сега сме спремни за нова рунда акција и добра забава на снимањето на ‘The Tomb’.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *