Позади Линдзи Лохан е една д најтешките години во животот, а за никогаш да не ја заборави, актерката одлучила на зголобот на раката да го истетовира слоганот “Живеј без жалење”.
Лило е позната како голем обожавател на тетоважи, а пред само неколку месеци на ребрата истетовирала стихови од песна на Били Џоел. Новата тетоважа е многу помала, но за Линдзи многу важна.
Актерката имаше бурна година во која беше уапсена неколку пати, а во моментов отслужува условна затворска казна во општествено корисна работа.
Лохан наводно едвај го чека 29 март, денот кога конечно ќе биде слободна, а 2012 година за неа ќе биде нов почеток, почеток на живот без осврнување на “блескавото” минато.