Линдзи Лохан претепала девојка во клуб!

29 ноември, 20120
lindzi

Линдзи била уапсена во 4 часот наутро поради напад на девојка во ноќниот клуб  ‘Club Avenue’!

Според странските медиуми, Линдзи имала кавга со девојката која седела на сепаре до нејзиното во клубот. Дошло до физичка пресметка, а полицијата е повикана откако девојката ја обвинила Линдзи дека ја нападнала.

Линдзи е уапсена веднаш по доаѓањето на полицијата во клубот. Наводно 26 годишната актерка на девојката пред нападот и рекла: “Дај ми простор и по неколку минути ја удрила. Деталите сеуште не се познати, но поради овој инцидент, Линдзи може да се најде во голема неволја со законот.”

Линдзи веќе неколку пати беше во затвор, а против неа неодамна е подигнато и обвинение дека ја лажела полицијата, кога била фатена за брзо возење на автопатот Pacific Coast Highway во Лос Анџелес. Актерката тогаш рекла дека возел некој друг и дека таа седела на совозачкото седиште, но тоа не помогнало.

Младата актерка поради тепачката во ноќниот клуб и инцидентот на автопатот може повторно да заврши пред судијата кој ќе мора да одлучи каква кажна ќе и одреди на актерката која веќе со години има проблеми со почитување на законите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi