Линдзи Лохан се распаѓа од ботокс!

22 април, 20120
lindsay-lohan-plastic-surgery-2012-c81f5.jpg

Линдзи Лохан од желбата да изгледа како Елизабет Тејлор, која игра во новиот филм, претерала со шминката и за малку ќе се изгубела во улогата.

Линдзи скоро ќе ја изгубела улогата на познатата Елизабет Тејлор во филмот “Лиз и Дик”, бидејќи продуцентите дознале дека актерката поради ботоксот и силните третмани изгледа ужасно. Линдзи очајнички се обидувала да личи на Елизабет, но сама на себе си наштетила.

Лохан пред летот за Њујорк во Лос Анџелес се видела со продуцентите од “Лајфтајм”, кои биле шокирани од нејзниот изглед. Тогаш и наредиле, во наредните неколку недели да им испраќа фотографии со кои ќе докаже дека и спаднале отоците на  лицето и дека ликот и се вратил во нормална состојба.

Младата бунтовничка, која со месеци се влечеше по судови, за малку ќе ја упропастела одличната прилика која и ја носи оваа улога и помош со која би можела да се извлече од долговите во кои дебело загазила.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *