Ова е вистински љубовен десерт, направен за да ја поттикне страста. Го изработиле студенти од Колумбија кои го претставиле на кулинарското шоу Гастрономи во главниот град Богота.
Специјалниот пудинг содржи Passiflora edulis, овошје познато како овошје на страста и Вијагра, а е украсено со шлаг и чоколадо. Студентите, кои се на возраст од 17 до 23 години, нашле начин како безбедно да ја растворат Вијаграта и да направат сладок афродизијак. Тие велат дека нивниот рецепт содржи детални инструкции околу тоа како да се растопи магичната таблетка.
Бидејќи во повеќето земји Вијаграта мора да се купи на рецепт, љубовниот десерт сеуште не може да се продава. Но во моментот десертот е под инспекција на Колумбискиот институт за храна и лекови и наскоро ќе се најде на менијата во колумбиските ресторани.