Најголем, најсмел, најлуксузен…Лас Вегас е единственото место на земјата кое може да ве изненади, воодушеви и забавува…
Во 2009 година во Лас Вегас е отворен престижниот Crystal City центар. Шопинг центар кој зафаќа површина од 500.000 квадратни метри, потсетува на град во град. CityCenter вклучува 2.400 приватни резиденции, два луксузни хотели, како и 61-квадратен Resort Casino.
Конструкцијата на Crystal CityCenter евоцира чувство на истражување и откритија. Фасадата, изработена од метал и кристал, дава јасна порака на посетителите дека ги очекува уште едно големо искуство. Т.н. “школка” на зградата ја покажува големината и силата на центарот од надвор, а мистеријата внатре.
Феноменалната спирална структура, на влезниот дел на малопродажната област е уште една причина поради која ќе влезете во центарот. Од покривот надолу по ходниците се спуштаат луксузни кристални лустери кои заедно со LED диодите просто ќе ве остават без здив. Во овој дел од центарот можете да се опуштите со погед на водопади или да направите кратка пауза во кафулињата и баровите. Луксузните ресторани со необичен дизајн, како што се „Wolfgang Puck“ и „Todd English“ ќе ви овозможат да уживате и во вкусната храна. Посетителите кои сакаат да се забавуваат, лесно ќе го најдат казиното, бидејќи до него водат многу необични скали.