Наградата Best of CES 2012, во категоријата смарт телефони ја доби Nokia Lumia 900.
Првиот смарт телефон, кој бил дизајниран за северноамериканскиот пазар, како што е кажано на претставувањето, покрај оваа награда успеа да го освои и вниманието на медиумите.
Lumia 900 најпрво ќе биде лансираа во понудата на американскиот оператор AT&T, а би требало да му овозможи на финскиот производител на голема врата да се врати во САД.
Се работи за 4,3 инчен телефон, секако, на Windows Phone платформа, со предна камера од 1 и задна од 8 мегапиксели, 512 РАМ меморија, 16 гигабајти интерна меморија и 1,4 гигахерци Qualcomm Snarpdragon процесор.
Цената по која ќе се продава не е позната, а на пазарот, според последните информации, би требало да искочи во март.