Лутите пиперчиња – сојузници против вишокот килограми

popara10 јануари, 20121min00
piperki

Ако сте љубители на лутите пиперчиња, оваа информација навистина ќе ве израдува. Истражувањата покажаа дека лутата храна е одличен сојузник во борба против вишокот на килограми.

Лутите пиперчиња, фефероните и останатата лута храна содржат капсаицин кој го забрзува процесот на варење на храната, како и крвотокот. Освен капсаицин, лутата храна содржи и витамин Ц и каротиноид кои го подигнуваат имунитетот и го луваат здравјето.

Капсаицинот е онаа состојка која ги прави пиперчињата лути. Оваа состојка го забрзува метаболизмот, а исто така го намалува чувството на глад. Истражувањата покажаа дека една лута пиперка содржи 30 гр. капсаицин, количина која го забрзува метаболизмот за 23 %.

Доколку не сте љубители на лутите пиперчиња, а сакате да ги внесете во својата исхрана, обидете се да додадете една многу ситно сецкана пиперка додека го приготвувате ручекот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag