Madonna di Campiglio- Елитното скијалиште на „кралското минато“

popara10 февруари, 20123min00
5yw4ev

Прочуеното елитно скијалиште Madonna di Campiglio е сместено недалеку од италијанската граница со Швајцарија…

Богато со стогодишна борова шума, некогаш било ловиште на Хабзбурговците, додека синот на хабзбуршкиот цар не го претворил во туристичка средина, која станува позната во целиот свет.

Madonna di Campiglio е прекрасно уредено село со пешачки дел во центарот, во кој важи правилото „ да се види, и да бидеш виден“. Се наоѓа во долината на планината Рендеда на надморска висина од 1.550 метри, под врвовите на масивот Adamelo Brenta, во природниот парк Trentino, а највисоките патеки се наоѓаат на висина од 2600метри. 57 лифтови се перфектно поврзани,така што можете да тргнете од центарот на градот, да поминете 10 километри без никаков физички напор. Ова е рај за категоријата средно напредни скијачи со оглед дека најразвиени се црвените патеки. Вкупно има 13 црвени патеки, 16 сини ( за почетници) и 5 црни ( за експерти). Патека долга 15 километри е наменета за трчање на скии ( двете патеки се осветлени), а има и патеки за сноуборд.

Доста е популарен и ноќниот живот со оглед дека има голем број на барови, кафулиња, ресторани и дискотеки кои задолжително мора да ги посетите. Немојте да се зачудите доколку после целодневното скијање на светкавиот снег, навечер сретнете некоја од познатите личности. Капучиното во кафулињата го има типичниот италијански шмек, не е скапо, а има неверојатен вкус. Северната италијанска регија Трентино е позната по Apres-ski забавите ( забавите после скијање). Оние што преферираат семејна атмосфера истата ќе ја најдат во Pinzola, Andala, Vale di Sole ( Сончевата долина), која со скијачките патеки е поврзана со Madonna di Campiglio. Доколку пак одлучите еден ден да одморите од скијање, ќе го посетите Trento. Задолжително погледнете ги ренесансните фасади на палатата на улицата Via Belenziani. Таму се наоѓа и  катедрала изградена во 11 и 12 век, со раскошни фрески.

Доколку се одлучите да го посетите скијалиштето на миланскиот и светскиот џет- с ет, нема да зажалите…

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag