Експериментите со пресметување на калории често водат до загуба не на излишните килограми, а на трпението и амбициите да слабееме. Ако сте уморни од туѓи препораки односно што, како и зошто не треба да јадете, тогаш погледнете ги следниве неколку предлози за „магичните комбинации“ од храна која сигурно ќе ви помогне при слабеењето.
Зошто комбинации? Станува збор за храни кои се перфектни за комбинирање една со друга.
Овесни јадки и праски – снабдете го телото со неопходните витамини и растителни влакна, ако сакате да почнете да слабеете. Додадете овесни јадки и праски во менито комбинирајќи ги како еден вкусен десерт.
Канела и јаболко – класичната комбинација на ароми, кој може да стане неверојатно вкусен и верен помошник при слабеењето. Ви предлагаме испечени парчиња јаболка, кои откако ќе омекнат се подсладуваат со малку мед и одгоре поросете ги со канела.
Печена риба со зеленчук – тука имате слобода да избирате различни комбинации од риби и зеленчук. Нема да најдете човек што ќе се пожали дека се здебелил после редовна консумација на риба и зеленчук.
Пченка и домати – за да се заситите за подолг период направете салата од домати и пченка.
Леќа и брокули – слабеењето не е воопшто тешко ако ги познавате добро својствата на храните и начинот на правилно комбинирање. Една од тие магични комбинации е леќа и брокули кои имаат цели колонии од витамини, кои помагаат метаболизмот да се активира.
One comment
Бојана
22 јануари, 2013 at 22:54
имам 12 год и сакам да ослабам не треба многу но сепак сакам да ослабам .но незнам како