“Луѓе, јас сум навистина животно, само што сум убаво облечен”, изјавил Мајк Тајсон и така ја започнал приказната за деновите кога навистина го допрел дното. Тој раскажал како во една прилика брутално претепал седум проститутки. По овој инцидент заминал на одвикнување од алкохол и дрога, од кои бил зависен долго време.
“Ги тепав, навредував и ги истерав, бев под влијание на наркотици”, изјавил боксерот за инцидентот кој се случил во 2009 година во една хотелска соба. Од тогаш е чист, а овие денови започнал со настапи во кабаре шоу во Лас Вегас.
Поранешниот светски првак во тешка категорија во 1989 година го оставила актерката Робин Гивенс, бидејќи ја тепал, а поминал и три години во затвор за силување на учесничката во избор за Miss Black America.