Студент (23) си го одзел животот, бидејќи немал доволно пари да плати школарина. Тој влегол во голем минус и сакал неговата мајка да ја ослободи од долгот.
Компјутерскиот експерт Тоби Том се убил поради долг од осум илјади фунти. Оставил проштална порака на опомената која ја добил од банката.
Неговите последни зборови биле упатени кон пријателите на кои им се заблагодарил на поддршката. Веднаш откако неговото писмо било откриено, пронајдено е и неговото тело.
Тој бил во минус од 3000 фунти и имал 5000 студентски долгови. Тоби ги напуштил студиите во третата година од студиите и се надевал дека ќе покрене приватен бизнис.
Неговата мајка Ана Тор рекла дека чувствува колку пател, бидејќи во тој момент не бил способен да сфати колкава болка ќе и нанесе со тоа што ќе си го одземе животот, мислејќи на тоа само да ја ослободи.
Денеска Тор смета дека младите треба да имаат на кого да се потпрат и да побараат помош. Таа ја отворила фондацијата „Превенција на суицидните млади“.