Еден канадски државјанин чие име е идентично со кралот на поп музиката бил уапсен поради кражба.
Москва – крадец со славно име.
Мајкл Џексон бил уапсен на една станица во подземната желеница во Москва. Станува збор за канадски државјанин кој го имал истото име со познатиот пејач.
„Човек од 50 години го украл паричникот од торба на еден патник додека чекале на станицата. Полицијата која патролирала го забележала настанот и веднаш го привела. Кога виделе како се вика крадецот им било чудно, но и смешно“, навел еден од полицајците.
Против канадскиот Мајкл Џексон се води истрага дали учествувал и во други кражби или оваа му била прва на територија на Русија.