Леонардо ДиКаприо ќе се жени, само ако најде девојка како неговата мајка :))))))

26 јануари, 20120
leonardo

Познатиот актер Леонардо ДиКаприо веќе долго е на листата на најпосакувани холувудски мажи, а се чини дека тука планира и да остане. Всушност, 37 – годишниот актер признал дека не е сигурен дали некогаш ќе се ожени, бидејќи бил сведок на голем број пропаднати бракови.

Открива дека во изборот на жени има прилично високи критериуми бидејќи во секоја ја бара својата мајка Ирмелин. Тој смета дека неговата мајка е совршена жена.

“Мојата мајка е центарот на мојот живот. Многу ја ценам, бидејќи е силна и искрена, а овие квалитети ги барам и од мојата партнерка”, изјавил Леонардо.

Актерот, кој во моментов е во врска со манекенката Ерин Хатертон, исто така признава дека изгубил желба за брак, бидејќи многу луѓе од неговата околина се разведуваат.

“Не сум сигурен дали сакам да се оженам. Видов премногу навидум среќни бркови кои се распаднаа. Тоа ме шокираше”, вели ДиКаприо кој ретко зборува за својот приватен живот во јавноста, а исто така не навлегува во приватноста на своите колеги.

“Не знам ништо за приватните животи на колегите со кои работам. Знам само дали се добри актери”, вели Леонардо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi