Потребни состојки:
2 големи и зрели манга
500 мл. млеко
3 ќесички желатин
250 гр. малини
2 лажици шеќер
200 мл. кокосово млеко
Припрема:
Излупете го мангото и исечете ги на парчиња, па изгмечете ги со вилушка. Загрејте го млекото. Измешајте го желатинот со 4 лажици вода, па додадете го во млекото и изматете.
Во блендер ставете го мангото и млекото и матете се додека не добиете хомогена смеса.
Поделете ја смесата во 6 стаклени садови и ставете ги да отстојат во фрижидер преку ноќ.
Во чинија за сервирање превртете еден сад со смесата од манго. Прелијте со кокосово млеко и шеќер по желба, а украсете со свежи малини. Добар апетит!