Холивудската ѕвезда Леонардо Ди Каприо минатиот месец го прослави својот 38-ми роденден.
За таа прилика, актерот издвоил 3 милиони долари само за шампањот кој се служел на забавата, пренесуваат американските медиуми.
Својот роденден Леонардо го прославил во престижниот ресторан “The Darby” во Њујорк. За своите гости, меѓу кои беа и популарната пејачка Бијонсе со сопругот Џеј Зи, Роберт Де Ниро, Камерон Дијаз и многу други, Лео обезбедил навистина луксузна понуда на алкохол.
„Потроши 3 милиони долари на шампањското Armand De Brignac. Прво нарачаа 18 шишиња, а подоцна бараа уште!“ – открива еден од вработените за порталот “Hollywood Life”.
Актерот ја искористил приликата и собрал пари за Црвениот Крст, наменети за жртвите од ураганот Сенди. Всушност, Леонардо за секое купено шише додавал и одреден надоместок.