Коста дел Сол нуди совршена комбинација на одмор, уживање на сонце и убавина. Постојат толку многу причини поради кои Коста дел Сол е една од најпопуларните дестинации во светот… Секоја година повеќе од 5 милиони туристи го посетуваат југот на Шпанија и уживаат во магиите на Медитеранот. Климата е совршена, плажите преубави и романтични, спектарот од содржини за одмор и атракции- преголем…
Марбеља е одлична дестинација и главен туристички центар на Коста дел Сол. Има премногу атрактивни места кои го заслужуваат Вашето внимание. Исто така, ова место е вистински рај за вљубениците во голф. Прекрасен е и историскиот дел од градот, едноставно насекаде се чувствува мирисот на Андалузија, кој го одзема Вашиот здив. Архитектурата ќе Ве воодушеви, преку белите и пастелни бои, дрвјата со портокали, улиците и плоштадите. Андалузиската кујна е специфична и ги задоволува и најприбирливите вкусови…
Марбеља е доказ дека совршенството, сепак постои…