Потребни состојки:
- 180гр- пилешко филе
- 50гр – ориз
- 40гр-тиква
- 50гр-брокули
- 20мл-бело вино
- 20мл-кокосово млеко
- Маслиново масло
- Кромид, пиперка,чили пиперка
- Лимон, путер, стапче од ванила,
- Кориандер, кари, тумерик
- Сол, бибер, јогурт
Начин на подготовка:
Пилешкото се маринира 12часа во јогурт со кари, тумерика, бибер и чили пиперка. Маринираното пилешко се пропржува на масло и се сече на парчиња. При крајот на варењето, во оризот се додава кари, тумерик, чили пиперка и кокосово млеко. Кога ќе се завши варењето се зачинува. На путер се пропржува брокулата и пиперката исечена на тенки резанки. Се сервира со прилог во калап, а преку него се става пилешкото. Околу се реди пржената пиперка и брокулата, а за декорација на тањирот се завршува со тиква во сос.
Збор два од нутриционистите:
Удобно сместени во комбинација со оризот, прелиени со божествениот сос од тиква, маринираните пилешки гради ќе ги разбудат во вас сите чула и ќе ви ја доближат мистичноста на ориентот. Ориенталните зачини, карито и тимерикот, го прават оризот миризлив, му даваат одлична и специфична арома и жаркожолта боја.
Енергетска вредност 613 кал.