Америкаснкиот пејач и актер Марк Ентони одлучил да ги предаде документите за развод од пејачката и актерка Џенифер Лопез. Двојката го најавува развод од јули минатата година, по седум години брак.
Ентони ги предал документите на суд во Лос Анџелес, а како причина за развод ги наведуваат “непомирливи разлики”. Марк исто така бара старателство над четиригодишните близнаци Макс и Ема. Лозез и Ентони работеа заедно на реалното шоу Q’Viva! The Chose откако се разделија, а ќе настапат и на концертот на 26 мај.
Џенифер претходно беше во брак со Ојани Ноа. Тој брак траеше само 11 месеци. Потоа беше во брак со пеајчот Крис Џад од септември 2001 година до јуни 2002 госина, а официјално се разведоа во јануари 2003 година.
Џенифер во моментов е во врска со танчерот Каспер Смарт. Врската беше откриена во ноември кога двојката неколку пати беше забележана во Лос Анџелес.