Софија Вергара и нејзиното момче Ник Леб ја прекинаа врската после две години. Неодамна, Софија на јавни настани се појавува сама, така што и на забавата 2012 Met Ball дојде без машко друштво. Софија за време на балот им се доверила на своите пријатели дека ја прекинале врската со Ник.
Последниот период премногу се расправале, а веќе извесен период биле на работ на прекинување. Сепак, сеуште не се знае дали прекинале засекогаш, но во моментот не се заедно. Иако, само пред две недели беа забележани заедно на вечера и изгледаа среќни. Оваа вест сигурно ќе расположи голем број на мажи.