Маска од ананас за сјајна кожа

popara23 јануари, 20121min00
ananas

За да ги отстраните мртвите клетки од вашата кожа пригответе егзотична маска од ананас која на вашата кожа ќе и даде природен сјај и ќе направи да изгледате наспано и одморено.

Маската од ананас ќе делува како нежен пилинг кој, благодарение на овошните киселини, ќе ја исчисти вашата кожа и ќе направи да делува свежо и затегнато. Оваа маска е едноставна за приготвување и е погодна за сите типови кожа.

За маската од ананас потребни ви се една ананас со средна големина, една шоља изладен чај од камилица и 3 лажици зобни снегулки. Исечете го ананасот на половина и излупете го. Ставете ги сите состојки во блендер и матете се додека не добиете хомогена смеса.

Вака приготвената маска нанесете ја на лицето, вратот и деколтето и оставете ја да делува 15 минути, а потоа отстранете ја со помош на памук натопен во чај од камилица. Ќе бидете импресионирани од добиените резултати!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag