Во народната козметика тиквичките се сметаат за едно од најефикасните средства за подмладување.
Лосион за секој тип на кожа
Исечете ситно една тиквичка, ставете ја во стаклена тегла и потопете со 4-5см вотка. Оставете ја теглата 7 дена на темно место. Потоа прецедете и додадете една лажичка глицерин и 1-2 капки розово масло. Чувајте го лосионот во ладилникот. Ако кожата ви е сува, разредете го количеството лосион кое го користите во моментов со преварена вода во сооднос 1:1.
Маска од тиквички
Ова е најлесната маска од тиквички – едноставно исечете тиквички на парчиња кои ќе ги поставите на лицето. По 15 минути измијте го лицето со вода.
Маска за сува и збрчкана кожа
Изецкајте ги ситно тиквичките и на секои две лажички додавајте 1 жолчка и капка сок од лимон. Добиената кашичка нанесете ја на лицето, вратот и деколтето на 15 – 20 минути, а потоа измијте го лицето, поминете со коцки мраз и нанесете хидрантен крем.
Хидратантна маска
Исецкајте тиквички и на секои две лажички додадете 1 лажичка мед. Добиената смеса нанесете ја на лицето и оставете 15-20 минути. Измијте со млака вода.
Маска за кожа која се лупи
Оваа маска е најдобро да ја правите навечер. 1 лажичка изрендана тиквичка измешана со 1 лажичка маслиново масло. Нанесете ја на лицето, 10 минути нека отстои, потоа остранете ја маската со тампон натопен во малку загреано маслиново масло. Не го чистете лицето до следното утро.
Хидратантна маска за раце
Оваа маска исто така се препорачува да ја правите навечер. 2 лажички изрендана тиквичка измешана со 2 лажички овесни снегулки, претходно накиснати во топло млеко околу 5 – 7 минути. Додадете 1 лажичка мед. Нанесете ја смесата на кожата на рацете и оставете 25-30 минути. За подобар ефект по постапката намачкајте ги рацете со маслиново масло и ставете памучни ракавици преку ноќта.