Маслиновото масло – убавина за целото тело

popara14 јануари, 20121min00
0

Маслиновото масло можеме да го употребуваме како домашно лекарство за се што е поврзано со козметиката, домашните процедури, грижата за кожата, косата и ноктите. Ова е само дел од она што може да се направи со маслиновото масло во полза на вашата убавина и здравје.

Со помош на памучни тампони втријте од маслото на вашите стопала. Процедурата се прави секој ден. Почекајте неколку минути да се упие и облечете чорапи. После неколку месеци ќе имате мека и прекрасна на допир кожа на стопалата.

А знаевте ли дека ова масло можеме да го употребуваме за чистење на лицето од шминка? Чистејќи ја, истовремено и ја храните кожата. Многу жени тврдат дека редовната употреба на маслиновото масло им помага ефикасно во борбата со годините.

Испуканите усни во зима се непријатна појава. За целта пред излегување нанесете само една капка масло како превенција или како лек за веќе испукана кожа.

Здрави нокти? Не е потребно да купувате скапи кремови кои ги користат по салоните. Доволно е да ја намачкате областа околу ноктите и ноктите со памучен тампон напоен со неколку капки маслиново масло.

Употребете го ова масло и за проблематичните области на скалпот, како што се појава на сува кожа и лупење, поради сушењето на кожата.

Намачкајте ги рацете со чудотворното масло и ова ќе ви гарантира млада, нежна и хидратирана кожа.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag