Освен како храна, маслото од какао има широка примена и во козметиката како и при различни спа процедури, а пазарот изобилува со различни лосиони и кремови со чоколадна арома. Маслото од какао има особено изразено хидратантно дејство и нама да згрешите ако го употребувате почесто.
Многу студии до сега покажале дека нанесувањето на ова масло допринесува за создавање на кожа како свила, еластична и нежна. Освен тоа полифенолот кој го има во маслото го блокира растежот на карценогените форми. Маслото се препорачува за третирање на кожни проблеми како стрии, екзема и дерматити.
Ако се прашувате како точно се употребува маслото од какао, сега ќе ви објасниме. Затоплете го маслото на температура приближна на телесната и нанесете го на кожата. Маслото се апсорбира моментално.
Маслото е идеално за чувствителна кожа, ја храни и помага за задржувањето на влагата во неа. Може да се употребува за цело тело, за лице, за маски за лице и коса.