Матурски фустан од 5.000 отварачи на лименки!
6 мај, 20120

Реган Кер одлучила својата колекција од отварачи на лименки да ја искористи за креирање на својот матурски фустан.
Пет илјади отварачи на лименки, едн по една ученичката Реган полека ги собирала, а потоа ги сложувала со цел на крајот фустанот да ја добие својата конечна форма. Целото креирање траело околу две години, а во собирањето на отварачите било вклучено целото семејство и пријателите.
Тоа е воедно нејзиниот прв фустан, а вели дека најголем проблем и било поставувањето на патентот на задниот дел од фустанот.
Всушност, било потребно внимателно да се шие околу него за патентот да биде функционален.
www.youtube.com/watch?v=Etqe2dELCyE&feature=player_embedded