Маж ја убил сопругата поради поддршка на претседателот

20 декември, 20120
ubiec

Сириски трговец ја убил својата сопруга русинка зошто го поддржувала режимот на претседателот Башар ал Асад. Сопственик на продавница за текстил Мохамед синоќа ја убил својата жена, по расправија во нивниот дом во квартот Маисар на југозапад на Алеп.

“Кавгата настана кога тој почнал да го критикува Асад, а таа го бранеше. Работата излезе од контрола и тој ја уби”, им раскажал на медиумите роднината Ахмед.

Мохамед, по злосторството, излегол надвор и на насобраните луѓе, кои ја слушнале расправијата, им кажал дека неговата сопруга е мртва.

Близок роднина објаснил дека Мохамед, кој е во четвртата деценија, “неможел повеќе да ги толерира нејзините провокации на давање на поддршка на Башер и повеќе не можел да го толерира нејзиниот став”.

Сириските бунтовници, кои го контролираат делот на Алеп во кој настанот се случил, не го уапсиле мажот за ладнокрвното убиство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi