Мажите едноставно „паѓаат“ на жени во црвено

popara4 јануари, 20121min00
333333333333333333333

Познато е дека црвената боја привлекува многу внимание, но неодамнешните истражувања покажаа дека мажите едноставно „паѓаат“ и сакаат да ги заведат жените кои носат црвено.

Досега се веруваше дека жените кои носат црвено сакаат да привлечат внимание и дека токму црвената боја е одраз на нивната дива страна. Неодамнешните истражувања покажаа дека со носењето на црвена боја тие навистина може да ја остварат својата цел, бидејќи мажите не може да им одолеат.

Во студијата на една група мажи им била покажана фотографија со жена во црвен фустан, додека на друга група мажи им била покажана фотографија со жена во син фустан, а потоа од нив било побарано да ги запишат своите впечатоци. Мажите на кои им била покажана жена во црвен фустан заклучиле дека таа е забавна, опуштена, слатка и згодна и рекле дека ја замислуваат блиску до себе, за разлика од онаа која носела син фустан, за која впечатоците биле далеку повоздржани.

Експертите објаснуваат дека мажите ги привлекува црвената боја бидејќи тоа е резултат на еволуцијата, затоа што црвената боја во природата означува дека женката е плодна, како што е примерот со шимпанзата и бабуните.

Виц:

Плуавуша се јавува кај пријателката:

–  Лелеее, треба да се најдам со еден дечко, ама скорз заборавив дали во 8:30 или во 3:80.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag