Мажот е вљубен кога…

popara11 мај, 20121min00
s2

Лошото кај мажите е дека никогаш не можеш да бидеш сигурна во нив, токму кога решаваш дека тој е љубовта на твојот живот, а тој ти вели дека се помеѓу вас е веќе готово и откриваш дека целта му била само забава…

Да разјасниме некои работи како за почеток:

Мажите се вљубуваат. Тоа е јасно.

Мажите бараат многу почесто секс за една ноќ(или неколку седмици), тоа исто така е јасно.

За да ви се разјасни и на вас кој што сака, видете ги советите за декодирање на машкото однесување и гестови:

Се однесува како фотомодел

Со други зборови позира додека разговара со вас, како да се наоѓа на фотосесија каде треба да ги покаже своите најшармантни пози. Тој очигледно флертува со вас, употребувајќи го притоа целиот арсенал на заведување. Овие мажи партнерката ја менуваат почесто од четкичката за заби. Нема ништо лошо да паднете на неговиот шарм и да доживеете неколку возбудливи моменти со него, но не се обидувајте да го опитомите, тој секако ќе избега.

И сепак, кога е искрено вљубен?

Се смее искрено

Весело ви е заедно, тој се смее искрено и е готов да направи со вас какви ли не глупости, без да го интересира мислењето на другите – тоа е сигурен знак, дека тој се чувствува прекрасно во ваше друштво и е среќен дека сте со него.

Не можеме да тврдиме дека точно тоа е мажот со кој ќе го поминете остатокот од својот живот, но сигурно со таков човек ќе доживеете една прекрасна љубовна историја.

Ве држи за рака

Тој не се плаши да покаже на целиот свет дека е вљубен и во врска. Насмевнете се широко и радувајте се на взаимната љубов.

Спремен е да ги запостави сите обврски и пријатели кога сте вие во прашање. Настојува состанокот подолго да трае. Откако ќе се разделите не пропушта да ви испрати смс, да ви се јави или да ве контактира по една од социалните мрежи.

Се однесува како дете – постојано е во добро расположение, не го трга погледот од вас, ве заразува со својата среќна насмевка, ве прави да се чувствувате, како да сте сонцето на неговиот живот!

И не на последно место – едноставно слушнете што ви вели срцето. Тоа никогаш не лаже…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag