Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, Медокс, посетува часови за летање и се надева дека наскоро ќе добие дозвола за пилот. Анџелина има дозвола да лета уште од 2005 година, а Бред неодамна откри дека е горд на 10-годишниот Медокс кој оди по стапките на мајка му. Сепак, законскиот минимум за добивање на лиценца за пилот е 17 години па без оглед колку успешен ќе биде ќе мора да почека уште неколку години.