Ана Велс (31), мажена жена и мајка на две деца, која се обидувала да изгради кариера како модел, обвинета е за принудување на тројца малолетни момчиња на секс. Таа преку интернет разменувала порнографски фотографии со момчиња на возраст од 15 до 16 години и ги принудувала да спијат со неа.
Како што пренесува Daily Mail, во нејзиниот компјутер се пронајдени порнографски фотографии од малолетници, кои американката ги принудувала за секс.
Според судскиот извештај, Ана спиела со најмалку еден од тинејџерите, додека со тројца разменувала порнографски материјал. Под сомнение дека постојат повеќе малолетни жртви.
“Моето име е Ана јас сум спортист и фитнес модел на почеток на кариера. Во моментов работам за “AC модел “и” Талент”, имам изработено и фотосесии во бикини. Сакам да бидам активна, да се смејам и поминувам време со семејството”, стои на профилот на Ана Велс, која била вицешампион на маратон во Сан Франциско.
Обвинетата во моментов се наоѓа во затвор во Орегон под 119.000 $ кауција.
http://www.youtube.com/watch?v=83hdhIGpaF4&feature=player_embedded