Менувам пион за крал!

27 ноември, 20120
DV IMAGE

Ќе ја споредам љубовта и сродните души со шаховската табла и играњето шах воопшто. Сродните облици на љубов се новите креации на модерното време кои личат на нив, а всушност не се. Иако, кога подобро ќе размислам и согледам, сродните облици се всушност маскирани и исфилувани обиди да се сака.  Но повеќе за нив во друга прилика. Како и да е, да се вратам на шахот…

Токму како и на шаховската табла имаме црни и бели полиња кои ги газиме праволиниски или дијагонално. Црните и белите полиња и не играат некоја улога во оваа игра. Ни тоа дали ги прексокнуваме неколку полиња или одиме на сигурно, едно по едно. На кое поле и да застанеш, пред тој потег или тие чекори, добро ќе размислиш. Стратегијата и тактиката се мајка на оваа игра. Вашиот ментален стрес и одлука се насочува кон потегот на другата страна.  Во шахот противникот, во љубовта партнерот. А дали полето е црно или бело, дали одиш право или дијагонално или како оваа твоја одлука ќе резултира, дознаваш дури кога ќе застанеш на избраното поле. Сега веќе нема назад, играта е започната, уште само да се поделат улогите!

Во шахот секоја фигура завзема свое посебно место и секоја има точно одредена функција. Правилата се утврдени, секој ја работи својата работа. На играчот е да одлучи која и кога ќе ја употреби. Значи, пионот постојано пешачи, и бидејќи се наоѓа во првите борбени редови, прв си заминува.  Нема тука многу мислење или излегување од шаблонот, само со волјата и интелегенцијата на играчот може подолго да остане во живот на шаховската табла. Проблемот со пионите во реалниот живот, особено во љубовниот, е тоа што, иако се само пешаци, си даваат себе си чин на генерал. Командант. Крал!

Пионите во љубота се едни сосема мизерни суштества. Колку мизерни, толку и опасни.Толку се заглавени во потрага по својата цел на постоењето на овој свет што нивната мизерија со времето се изобличи и стана неоснован и тежок почит за самите себе. Наместо да наплаќаат за својата кралица, тие се обидуваат да земат од неа. Фрустрација, вистинско чудо! Особина која е заедничка на сите пиони, без разлика дали имаат карактер, став, мислење – едноставно кажано (неретко се и прости) – обични шалабајзери на кои промаја им дува во главата, а моментот обликува свест за нешто.  Така, ако најдете некој пион лесно ќе го препознаете. Тој во се ќе се согласи со вас, ќе го сака истото што и вие, ќе оди на места кои вие ги сакате, ќе ви се вовлекува во задникот и со задоволство ќе ви го лиже…

Тка, кога пион гледа коњ да прекокнува по два чекори за да ви се доближи, ќе почне да скока како него. Но, околу вас, секако. Сепак, потребно му е многу повеќе труд, отколку на пример на еден ловец, да ја одбележи својата територија и да стане само негов плен. А ако, недај Боже, некој топ се насочи кон вас, пионот има да напредува пет пати побрзо од него, за да ве убеди во својата супериорност. Така тоа оди со комплексите. Имитирање на другите до постигнување на целите.

А ако, и кога ќе сфатите дека си имате работа со оваа амеба, е тука веќе доаѓа до сериозни патетики и провала на надојдени емоции. На прв поглед многу симпатично, на првиот крај премногу драматично.  На кралот многу осетливи. Ако имате среќа да сретнете крал на кого ќе му бидете достојна кралица, пионот некое време ќе изигрува дворски шут, а потоа ќе најде нова жртва која ќе се обиде да ја освои. Бидејќи секој пион сака само едно, за него недостижно – да биде крал.

Кралот е сигурност. Кралот е љубов. Кралот е нежност. Кралот е алфа! Не може водата да биде вино. Не може ниту пионот да биде крал. Секогаш било така, така и ќе остане!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi