Mercedes-Benz F800 Style, е врвен концептуален автомобил кој е придвижуван од plug-in хибриден мотор и водородни горивни ќелии.
Моторот на F800 Style plug-in хибридот се состои од бензин V-6 со директно инјектирање и 300 КС, со зајакнување од 109-КС преку хибридниот модул во внатрешноста, со 7-брзински автоматски менувач. Вкупниот резултат, вели Mercedes, е “околу” 409 КС. Литиум-јонските батерии се полнат преку станицата за полнење и самите му овозможуваат на F800 движење исклучиво на електрична енергија до 28 километри.
Кога би се одбрала варијантата на напојување со водородна технологија на горивни ќелии, предните монтирани горивни ќелии во F800 праќа електрична енергија на задниот монтиран електричен мотор со 136 КС и 214 lb.-ft. вртежен момент.