Протеинска диета со ориз

26 јануари, 20120
d

Во оризот се крие тајната на долгиот живот. Ова е едно од најдостапните растенија во светот и тоа е добра причина диетолозите да го сметаат за идеално дополнување на протеинската храна како замена за лебот. Оризот содржи многу полезни материи, а истовремено не дебелее. Оризот е богат со протеини и содржи доволно јаглехидрати неопходни за согорување на мастите во клетките. Диетата со ориз и протеини исклучува употреба на сол и масти.

Утрешното мени може да биде чаша млеко или кисело млеко, или две варени јајца со парче препечен диетален леб.

Ручекот се состои од 150 гр ориз, и парче варено месо по избор или пак печена риба. На ова се додава и свежа сезонска салата по избор, зачинета со маслиново масло. Помеѓу ручекот и вечерата можете да консумирате oвошје ако почуствувате глад, но не повеќе од 1-2 дневно.  За вечера повторно имате парче посно месо, варено, најдобро тоа да биде пилешко и зеленчук на пареа како гарнитура.  Вечерата не треба да биде покасно од 18 часот. Пред спиење испијте чаша зелен чај со малку мед бидејќи овој чај има својство да ги топи маснотиите, а највеќе оние на половината.

Не треба да заборавате да пиете по 1,5-2 литри вода дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma