Microsoft се сити на војната меѓу Apple и Samsung
26 август, 20120
Твитот кој го објави еден од директорите на познатата компанија Microsoft, Бил Кукс, не е официјална реакција на гигантот од Редмонд за војната и пресудата во која Самсунг ќе мора да му плати на Епл милијарда долари оштета, поради копирање.
Но сепак оваа изјава јасно говори за атмосферата во компанијата на Бил Гејтс. Изјавата гласеше: „ Windows Phone изгледа тооооолку добро“.
Што се однесува до официјалната изјава на компанијата за војната и пресудата во корист на Епл, таа само гласела дека нема да ја коментираат ништо.