Вереникот на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ донираше повеќе од 120.000 евра во Фонд Б92 за акцијата за купување на десет инкубатори за предвремено родени бебиња.
Ова не е прв пат Милан да донира пари – на крајот на минатата година купи 11 инкубатор за болниците низ цела Србија.
Инаку, Северина од 2 јануари се наоѓа на Клиниката во Сплит. Нејзиниот адвокат негираше дека пејачката во болницата има свое приватно обезбедување, дека во собата има џакузи, плазма телевизор, дневна соба за посета, како и посебен лекар и две медицински сестри кои се грижат за неа.