Британката Џејни Берн (43) купила за 420 евра џуџесто прасе за кое продавачот и рекол дека нема да порасне повеќе од еден кокер шпаниел. Британката го купила џуџестото прасе, кое потоа се претворило во џиновски домашен миленик долг 1,5 метри.
Мика, има три години висока е околу 0,7 метри, а има 108 килограми. Месечно јаде храна од вредност од 240 евра.
„Секој пат кога ми доаѓаат пријатели на гости ме прашуваат дали сум сигурна дека сум купила џуџесто прасе“, изјавила Џејни, која сепак решила да ја чува Мика и покрај нејзината големина.
„Мојот сопруг Дејв мислеше дека ќе не изеде. Меѓутоа, таа е мирна и невозможно е да не ја сакате. Кога Дејв се враќа од работа обожава да се гали со него и потоа да гледаат телевизија“, кажала Џејни која додала дека не би ја менувала Мика за ништо.