Модар патлиџан во пикантен сос

popara15 февруари, 20121min00
modar patligan

Потребни состојки:

3 модри патлиџани

4 домати

4 чешниња бел лук

120 мл. бело вино

1 кромид

1 ситно сецкана лута пиперка

½ лаичка бибер

1 лажичка оригано

½ лажичка ситно сецкан босилек

½ лажичка шеќер

Масло за јадење

Знеколку маслинки

Припрема:

Модрите патлиџани исечете ги на кругови со дебелина од 2 сантиметри, посолете ги и оставете ги да отстојат еден час. Потоа исцедете ги и испржете ги на тефлонско тавче со многу малку масло. Потоа тргнете го испечениот модар патлиџан и во истото масло пропржете го ситно сецканиот кромид. Изрендајте ги доматите и додадете ги во тавчето.

Откако водата ќе се намали додадете ги сите зачини и белото вино, па додадете го и лукот и оставете ја смесата да се динста на тивок оган.

Во чинија за сервирање ставете ги круговите модар патлиџан, полејте наоколу со сосот и декорирајте со црни маслинки и ситно сецкан магдонос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag