Модерни Музи

popara28 јануари, 20122min01
6f5y4ef

Во античкиот период музите биле друштво од девет божици кои ја стимулирале концепцијата на литературата и уметностите. Што ако музите повторно ги пронајдеме денес во овој 21 век? Дали нивниот изглед ќе се разликува од оној во античкиот период? Кои предмети ќе ги имаат како свои симболи? Ајде малку да си поиграме. Ако се вратат, сигурно не би сакале да изгледаат како да се за во музеј, иако и самиот збот е инспириран од нивното име.

 

Калиопе

Веројатно напознатата муза, Калиопе е муза на пишување на херојските приказни, која во свое време го инспирирала и Хомер да ги напише Илијадата и Одисејата. Во уметноста е претставувана со табла за пишување во рацете.

Клио

Клио е муза на историјата и во античката уметност претставувана е со свиток или табела за пишување во раката.

Ерато

Ерато била муза на еротската поезија а нејзиното име значи прекрасно – но ние ви го предаваме модерниот збор еротски со модерно значење.

Еутерпа

Музата на музиката, Еутерпа према преданијата ја измислила двојната фрула. Сепак, во модерните денови таа би ја вклопувала музиката посеопфатно од само еден инструмент.

Мелпомена

Мелпомена во почетоците е муза на пеењето за да се трансформира во муза на трагедијата. Вообичаените претстави се со маска на трагедијата и оружје во раката.

Полимнија (Полихимнија)

Зборот химна произлегува од самото име на оваа муза. Многу често таа е претставувана во пози како размислува.

Терпсихора

Буквалниот превод на нејзиното име е уживање во играње, и таа била главната танчерка. Чудно, но најчесто во претставите ја гледаме како седи. Денешната претстава сигурно би била како таа активно зема учество во танцувањето.

Талиа

Музата на комедијата Талиа е претставувана со труба со помош на која таа ги праќала гласовите на глумците во публиката. Денес без сомнежи таа би користела микрофон.

Ураниа

Уранија била муза на астрономијата. Традиционално била претставувана со топка во нејзината лева рака.

Десеттата муза?

Сафо од Лезбос често била сметана за десета муза. Овој израз често низ вековите бил користен како комплимент на жените поети. Што мислите, кој денес би можел да го пополни местото на десетата муза? Немора да биде поет, таа може да биде било која жена која ќе се вклопи во модерните презентации на музите. Изберете сами.

One comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag