Сексот е како апетитот – доаѓа со јадењето

28 јануари, 20120
xxx

Ајде да разговараме за сексот во бројки. Колку според вас треба да е бројката на сексуални контакти за една седмица, например? Ако од скоро сте во врска и страста е сеуште силна, веројатно станува збор за 3-5 пати неделно. Ако е лето и хормоните лудуваат може и почесто, особено ако сте на одмор. За време на есенските дождовни денови една од идеалните активности за по дома е имено сексот, па зошто бројката да не нарасне и до 2-3 пати дневно?  Ако се повикаме на неколку истражувања по темата, тогаш резултатот е дека повеќето луѓе имаат секс помеѓу 120 и 160 пати годишно.

Всушност сексот е како апетитот – доаѓа со јадењето. Па затоа колку повеќе секс, толку поголема желба за секс. А што да кажеме за оние што немаат постојан партнер? Кај нив сексуалните контакти се многу помалку ( а кај оние во брака сексот е привидение…) особено ако не се фанови на сексот за една ноќ. Е тоа не е проблем…проблемот настапува тогаш кога ќе останете на „суво“ во продолжение на месеци, а сте во активна сексуална возраст. Недостатокот на секс може да доведе до депресија и како целина лошо расположение, да го поремети целиот животен циклус, да влијае дури и на надворешниот изглед, во негативна насока секако и уште куп аномалии.

Токму затоа не се ограничувајте од сексот туку слободно насладувајте се. А всушност како сте вие со бројките?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma