Моногамија vs. Полигамија

22 јануари, 20120
sex

Прашањето „Моногамија или полигамија?“ постојано ги тормози умовите на модерните мажи и жени. Според некои моногамијата е измислена од розовите романи и е наполно невозможна од чисто животинска гледна точка, но и покрај тоа човекот има претенции да биде нешто повеќе од животно…

Полигамијата – слобода, секс, самотија

Сите го сакаме сексот, сите ја сакаме слободата, но тоа до некое време. Тешко ќе најдете човек што сака да дава само секс, без да добие некаква емоција во замена(освен ако не налетате на социопат).  Луѓето се програмирани да се поврзуваат со своите сексуални објекти, зошто по презумпција сексот води до деца кои се комплексни во својот раст и одгој и имаат потреба од грижата на двајца.  Има едно единствено правило за успешна полигамија – не ветувајте, не влегувајте во врска и не склучувајте брак ако сакате да бидете полигамни – неверството е психичка казна за вашиот партнер и единственото со што го „заслужил“ ова е што ве сакал доволно за да остане со вас.

Моногамијата – опасно блиска до монотонијата

Ако си ја претставувате моногамијата вака „ Цел живот треба да бидам врзан за еден човек, со кој ќе умрам од досада“ тогаш да, моногамијата е нешто ужасно, но луѓето кои обично ги изрекуваат овие зборови забораваат на следново:

Никој не ги терал со сила да започнат врска или склучат брак. Изборот си е ваш и никој, а најмалку партнерот е виновен за тоа. Сексот изчезнува, досадно ви е, сакате нешто ново? За тоа не е виновна врската, а вие. Вие сте тие кои дозволувате да ви стане досадно, зошто и двајцата чекате од другиот да ве забавува како кловн.

Полигамијата се отплаќа со секс, но ве остава сами во останатото време, а неверувам дека ќе го правите тоа цел живот 24/7. Моногамијата не само што ви обезбедува и секс, но и друштво во моментите кога правите нешто друго. Зошто колку и секс да имате, некој ден ќе посакате некаде таму да има некој за вас…Моногамијата е израз на доверба, лојалност, чест и респект и со правилниот човек ќе ви се исплати апсолутно секогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi