Можете ли да поверувате дека ова некогаш било популарно летувалиште?!

3 април, 20120
60599839

Длабоко во пустината на Јужна Калофорнија се наоѓа едно од најзапустените и најзагадените места во САД, поранешна туристичка дестинација Salton Sea, која сега е превроена во отровна бара.

Ова езеро на сред пустина, настанало сосема случајно пред стотици години, а набрзо станало омилена туристичка дестинација. Покрај езерото никнало и цел град.

Сепак, надежите за иднината на ова летувалиште не се оствариле. Поради неможноста водата од езерото да се одлева, самата вода станала многу солена, а почнале да изумираат рибите и птиците во тоа подрачје. За ситуацијата не помогнале ниту хемикалиите од околните фарми кои течеле во езерото. Во 1980 година ова место целосно било напуштено.

Она што е најлошо, во оваа област продолжиле да се инвестираат милиони долари за да не пресуши езерото, со што би се открила земјата загадена со арсен и други канцерогени хемикалии, кои ветровите може да ги разнесат низ цела Калифорнија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma