Ребека Хелен Елдер провалила во куќа на непознат маж и го нападнала.
Аделаид – Ребека Хелен Елдер (39) од Австралија, осомничена е дека во септември минатата година провалила во куќа на непознат маж, а потоа го силувала.
Жената без согласност на жртвата го присилила на орален секс. Од пишувањето на австралиските медиуми не се знае дали таа му дала орален секс на нападнатиот маж или пак го присилила тој да ја задоволи орално.
Жената сега се брани од слобода, а е обвинета за разбојништво и силување, судењето ќе продолжи во април.