Ед Базинет (68) милионер и тајкун, потрошил 20 милиони долари на луксузни подароцим од кои 1,6 милиони на сапуни, а потоа бил однесен во психијатарска болница.
Базинет на меѓународниот саем за подароци во Њујорк купил практично се што можело да се купи.
Минатиот месец потрошил скоро 40 милиони долари на сличен ваков настан во Париз. Големите суми на пари кои ги трошел за бесмислени подароци и луксузни предмети ги загрижиле неговите пријатели, па затоа бил однесен во болница каде му било дијагностицирано биполарно нарушување.
Базинет кој инаку потекнува од Минесота, своето богатство го стекнал продавајќи порцелан и минијатурни керамички фигури. Во средина деведесетите години ја продал својата компанија за 270 милиони долари.