
Необјавените стихови од песна на Мајкл Џексон оваа недела се најдоа на аукција.
Тие биле во сопственост на дерматологот на Мајкл, Арнолд Клајн кој сега одлучил да заработи од нив. Песната има дури осум стихови, а Мајкл ги дал на својот доктор кратко пред неговата смрт во 2009 година, известуваат американските медиуми.
Хатријата со стиховите на Мајкл Џексон е проценета од 3.000 до 5.000 долари.
“Изгледа како да се напишани во поетска форма. Има осум редови и се чини како да се стихови. Не успеавме да ги пронајдеме ниту во една објавена песна на Џексон, па можеби тоа е само работа во прогрес или песна која не сакал да се објави. Зборовите се доста интересни, па се очекува дека ќе привлече голем број заинтересирани”, коментираат од аукциската куќа.