Тостот кој е сервиран за појадок на принцот Чарлс по венчавката со принцезата Дајана, 29 јули 1981 година, сега се продава на аукција.
Иако се чини обичен остаток од храна, врската за тостот стар 31 година за кралското семејство е многу скапоцена.
Тостот е сервиран ден по венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дајана и кон крајот на месецот ќе биде продаден на аукција во Велика Британија.
Тостот го продава Чарлс Хенсон, а тој вели дека неизедениот тост е доказ дека принцот имал проблеми со апетиот поради нервоза.
За појадок на принцот покрај тост послужен е сок од цеден портокал, овошје, млеко и неколку видови на мед.
Се очекува дека цената на тостот ќе достигне околу 500 фунти.