Кога Лиза Карен открила на Фејсбук дека нејзиниот сопруг со кого е во брак 25 години, се венчал со уште една жена, била потполно шокирана и изненадена.
Но, сопругот Мартин Карен (52) ги смирил нејзините стравови и и рекол дека таа слика е лажна и дека ја поставила неговата бивша која постојано го прогонува.
Но после неколку месеци жената се посомневала и најмила приватен детектив. Тогаш вистината била откриена, Мартин живеел двоен живот со Андреа Вајтсајд, повеќе од шест години.
Тие се венчале илегално минатата година.
Карен била разочарана поради фактот што судот го ослободил нејзиниот маж и покрај фактот што ја признал бигамијата.