Фотографии украдени од мобилниот телефон на вереникот на секси актерката Софија Вергара се најдоа на продажба. Станува збор за фотографии на кои актерката не е гола, но се од лична природа.
Фотографиите биле украдени пред веридбата на актерката и нејзиното момче Ник Лоеб која се случи во јули. Постојат информации дека некоја личност од Делреј Бич, Флорида, ги понудила фотографиите на аукција. Фотографиите наводно ја прикажуваат Тејлор во купатилото и во спалната соба од нејзиниот дом и се навистина интимни.
Агентите на Вергара се обидуваат да ги пронајдат уценувачите, но се плашат дека фотографиите „ќе најдат начин“ да протечат во јавноста.