Најатрактивните дестинации за меден месец

popara16 февруари, 20121min00
6

Празникот на вљубените помина, но тоа не значи дека треба да ги изоставите љубовните состојки кои би биле клучни за Вас двајцата. Нека медениот месец биде романтичен влез во новата фаза од Вашиот живот. Поминете го на некоја од најатрактнивните дестинации.

За почеток, да се ограничиме на Европа и да го доделиме првото место на Италија, без никаква конкуренција. Држејќи ја за рака саканата личност, шетајќи низ местата со огромна историја, набљудувајќи ги градбите кои го одземаат здивот…Вие би направиле само дел од она што го нуди неприкосновената дестинација за незаборавен меден месец.

Венеција спаѓа во најромантичните градови во светот, Рим нуди беспрекорен ноќен живот, Фиренца има богата историја,а Кјанти Ви ги нуди најубавите сорти вина. Освен Италија, преубаво катче за Вашиот меден месец би била и француската регија.

Надвор од границите на Европа се Кариби, Јамајка и Хаваи, како по бројот на резервираните аранжмани, така и по убавината и идеалната клима која води до врвно расположение.

Кариби е синоним за гостопримливост и егзотика. Речиси сите комплекси нудат специјална услуга за меден месец, од спортови на вода за двајца, преку романтичните голф терени со прекрасен поглед и возбудлив ноќен живот, до величествените плажи.

Јамајка е идеалното место за љубовните парови кои имаат потреба за романтичен одмор. Значи, овде нема ноќен живот и фокусот е ставен во разменување нежности на плажите кои одземаат здив.

Хаваи е местото кое не заспива. Доколку се одлучите овде да го поминете медениот месец, со деноноќни забави и незаборавно искуство, ова е место за Вас. Танцот овде е секојдневие и се одвива на секој чекор. Дневните журки се неодоливи и претставуваат врвно дружење и голема количина енергија.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag