Да, Madonna уште еднаш покажа зошто е кралицата на шоу бизнисот, бидејќи по толку многу години во забавната индустрија секогаш одново знае како да ја подгрее адмосферата пред објавување на нов албум. Нејзината нова издавачка куќа Interscope Records објави дека спотот за нејзиниот нов сингл, песната Give Me All Your Luvin (feat. Nicki Minaj & M.I.A.) ќе биде премиерно прикажан во шоуто Американски идол на 02 февруари.
Новиот сингл го напиша Madonna, Martin Solveig, Nicki Minaj и M.I.A и ќе биде достапен од 3 февруари за преземање преку iTunes.
На 26 март ќе биде објавен 12-от по ред студиски албум на Madonna MDNA за чија продукција беше задолжен Martin Solveig i William Orbit.
httpv://www.youtube.com/watch?v=PHhGmtd-xMY