Најбогатото село во светот! Стан, храна и автомобил за секого и тоа бесплатно! :)))

popara20 јануари, 20121min00
kju

Граѓаните на селото во Кина, Хуаси сигурно се едни од посреќните на планетата, бидејќи секој од нив, а ги има вкупно 2000, имаат право на стан, автомобил, храна и здравствена заштита и тоа бесплатно.

Најбогатото село во светот претставува модел на социјалистичко село кое го реформирал секретарот на комунистичката партија ву Ренбао во 1961 година. Негова цел било сиромаштијата да ја претвори во супер богата заедница, што и го остварил со помош на паметните аграрни реформи и логистички промени.

Компаниите кои се наоѓаат во ова село извезуваат производи во повеќе од 40 земји во светот, а често се вели дека во Хуакси се оди за да  научиш како да станеш богат.

Според многумина кои го посетиле ова место, селото потсетува на Дубаи, а секоја година го опсетуваат над 2 милиони туристи. Просечниот приход на едно семејство е околу 120.000 евра годишно.

Човекот кој е заслужен за статусот на ова село сега има 86 години и изјавил дека го направил тоа што мислел дека е најдобро за сите луѓе.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag